декември 22, 2024

Денеска (01.10.2024) околу 12.50 часот на ул. „Даме Груев” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Ќ.М. (34) од Скопје. Тој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело по чл. 418-в ст. 1 и чл. 418-б ст. 4 во врска со ст. 2 и чл. 45 од Кривичниот закон.

Исто така, денеска (01.10.2024) околу 12 часот на бул. „Крсте Мисирков” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (56) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по чл. 396 ст. 1 во врска со чл. 12 ст. 2 од Кривичниот закон.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено-поправни установи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK