На 15.04.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Мито Хаџивасилев – Јасмин” и бул.„Св.Климент Охридски” во Скопје, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од Скопје, удрило во пешакот Г.Д.(52) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Следете не, не има насекаде
