април 16, 2026

Во населбата Калниште во тек се градежни работи за изградба на улицата „3“, која ќе ги поврзува двете чешми во овој дел од општината. Увид во активностите изврши градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Проектот опфаќа пробивање, тампонирање и асфалтирање на улицата, со вкупна вредност од околу 4.700.000 денари. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.

Од општината информираат дека изградбата на оваа улица е дел од пошироките активности за подобрување на локалната инфраструктура, со цел обезбедување побезбедно и поквалитетно движење за жителите.

Тоневски посочи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на условите за живот во населените места и најави дека општината ќе продолжи со инвестиции во инфраструктурата и во наредниот период.

Share

The post Тоневски најави инвестиција од 47 милиони денари за подобрување на условите во Пробиштип appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK