октомври 2, 2024

Ве известуваме дека денес пријавена е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ  и е со цел преку измама да се извлечат парични средства.

Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .

Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните. Во прилог фотографија од лажната ДПК.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK