октомври 3, 2024

Двајца лекари и еден медицински техничар утрово настрадаа во тешката сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола откако директно се судрија со камион кој пренесувал лесно запаливи материи. Со повреди се здобил возачот на камионот.

По судирот избил силен пожар од кој биле опожарени и двете возила, а во негово гасење интервенирале три противпожарни возила. Тројцата загинати оделе кон своето работно место во приватна здравствена установа во Битола.Случајот во итната медицинска помош бил пријавен 10 тина минути пред 8 часот, а екипите на терен констатирале смрт кај тројцата патници во возилото марка „тојота“.

Од СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42 годишниот Н.В. и сопатници А.Р и Ф.Ј.сите од Прилеп.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK