октомври 4, 2024

Високиот крвен притисок е всушност сериозна здравствена состојба која го зголемува ризикот од развој на болести на срцето, бубрезите и многу други болести.

 

 

 

 

Според Healthline, редовното пиење чај може да биде одличен начин за подобрување на вашето кардиоваскуларно здравје.

 

Како што објаснуваат диететичарите, одредени видови чаеви можат да придонесат за намалување на високиот крвен притисок, што е добра вест за сите оние кои имаат проблеми со оваа состојба.

 

Благодарение на специфичните хранливи вредности што ги содржат, овие чаеви навистина можат да ни помогнат да го контролираме и одржуваме стабилното ниво на крвен притисок:

 

чај од хибискус
чај од камилица
зелен чај
чај од листови од малина
чај од бобинки од глог

 

Како што објаснуваат диететичарите, секој од овие чаеви може да помогне во проширувањето на крвните садови, во голема мера да ја подобри циркулацијата на крвта и на тој начин да придонесе за намалување на крвниот притисок. Сепак, попатно нагласуваат дека не треба да се претера со нивното консумирање за да се избегнат несакани ефекти. Во просек, две шолји чај дневно може да помогнат во намалување на крвниот притисок со текот на времето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK