октомври 4, 2024

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор.

Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, додека 50 лица издржуваат доживотни казни.
Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

„За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година“, изјави Пандов.

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман. Панадов, меѓудругото, посочи дека ќе има и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK