октомври 9, 2024

Шпанското обвинителство покрена постапка против Маркус Слотер за фалсификување документи, а полицијата распиша потерница по Американецот бидејќи користел лажен пасош.

Реал Мадрид имаше проблем со странците во сезоната 2014/2015, еден беше вишок. Тука беа Факундо Кампацо, Густаво Ајон и Маркус Слотер. Американецот доби пасош на Екваторијална Гвинеја пред почетокот на завршниот турнир во Купот на кралот.

Подоцна било утврдено дека документите се фалсификувани, идентичен пасош имал и Енди Панко од Фуенлабрада.

„RAC1“, пишува дека доколку центарот роден во Калифорнија биде прогласен за виновен му се заканува затворска казна до 16 месеци.

Иако Реал Мадрид не е обвинет во целиот случај, може да сноси последици, бидејќи во составот тимот имал тројца странци. Или, поконкретно, титулата во првенствот и пехарот во Купот од сезоната 2014/2015. Доколку тоа се случи трофеите ќе ги добие Барселона.

Случајот се одолговлекува, но во догледно време се треба да се расчисти и да се донесе правосилна пресуда.

The post Распишана потерница по Слотер – Доколку биде прогласен за виновен, Реал може да го загуби трофејот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK