По вчерашниот трагичен настан во тетовското село Слатино каде беа пронајдени починати мајка и 4-годишно дете, денеска по наредба на обвинител таткото е пуштен од полициска станица, јавува репортерот на ТВ21.
Според нивните информации, таткото бил испратен во клиничката болница во Тетово за да се провери неговата здравствена состојба.
Претходно, Министерството за внатрешни работи истакнаа дека првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.
Според нив, кај починатите не се пронајдени траги на насилство.
Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив.
Следете не, не има насекаде