По повеќе од 14 години, Rockstar го објави доаѓањето на првата видео игра Red Dead Redemption на компјутер.
Red Dead Redemption и неговата експанзија Undead Nightmare ќе пристигнат во едно пакување на Steam, Epic Games Store и Rockstar Store на 29 октомври.
Верзијата за компјутер ќе има неколку ексклузивни технички предности, па ќе ја поддржува варијантата до 144 Hz, а ќе има и ултраширок (21:9) и супер ултраширок (32:9) дисплеј.
Ќе поддржува и DLSS 3.7 и FSR 3.0, како и DLSS Frame Gen технологија. Други технички работи вклучуваат поддршка за HDR10 дисплеј, како и играње со глувче и тастатура.
Цената се уште не е откриена, но може да се претпостави дека ќе изнесува 50 евра, како и верзиите PS4 и NS.
The post Одлични вести за сите кои го сакаат Red Dead Redemption! appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде