Фудбалерот на Панатинаикос и на грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, јавуваат грчките медиуми.
Балдок е пронајден под вода и немало начин да се спаси, пишуваат грчките медиуми, а деталите за трагедијата се уште не се познати.
Балдок летово се пресели во Атина откако стана играч на Панатинаикос. Роден е во градот Бакингем, Англија, каде го поминал целиот свој живот, а за грчката репрезентација почна да игра во 2022 година благодарение на неговата баба, која била Гркинка.
Фудбалската кариера ја започна во Милтон Кејнс Донс, потоа седум години минал во Шефилд Јунајтед, за кој забележа 83 настапи во Премиер лигата. За Грција играше 12 пати.
The post Грчки репрезентативец пронајден мртов во својот дом appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде