На 09.10.2024 во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
Следете не, не има насекаде