Lionsgate Movies го објави трејлерот за акциониот трилер Armor, во режија на Џастин Рут и со Силвестер Сталоне во главната улога. Во овој филм, Сталоне се враќа во акциониот жанр и го игра главниот негативец кој планира голем грабеж.
Главните ликови на акциониот трилер се татко и син, Џејмс (Џејсон Патрик) и Кејси (Џош Вигинс), кои работат за безбедносна служба и превезуваат пратка за која не знаат ништо. Тие се нападнати од искусен тим на ограбувачи предводени од Сталоне, кој мисли дека ова ќе биде уште една лесна работа по сите оние што ги направиле претходно. Сепак, грабежот на оклопното возило не оди лесно, а Џејмс и Кејси остануваат заробени додека не ја откријат вредноста на она што го превезуваат и не решат да се здружат за да ги надмудрат напаѓачите.
Во филмот играат и Деш Михок, Џејсон Патрик, Лејни Стибинг, Ерин Оунбеј, Џеф Чејс и други ѕвезди. Сценариото го напишаа Кори Тод Хјуз и Адријан Спекерт.
Откако Lionsgate го објави трејлерот за филмот, тој не доби премногу добри критики. Многумина истакнаа дека веќе претпоставуваат како ќе заврши филмот, но дека сепак ќе го гледаат поради Силвестер Сталоне.
„Гледам дека пишува Сталоне, па ќе го гледам“, „Веќе гледам дека филмот е глупост, но акцијата со Сталоне не се пропушта“, „Само земете во предвид дека Сталоне има 78 години и сè уште снима филмови вака“, „Овој човек не запира“, „Мислам дека со оглед на годините и сите други филмови што ги има снимено, заслужува да го гледа и овој филм“, се дел од коментарите на гледачите под објавен трејлер.
The post Објавен е трејлерот за новиот акционен филм со Сталоне, фановите коментираат: „Овој човек не запира“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде