Сообраќајна несреќа вчера го потресе село Врапчиште кога возач со автомобил „фолксваген пасат“ удрил во малолетен пешак, а малолетникот завршил во Ургентниот центар Гостивар со тешки телесни повреди.
„На 09 октомври 2024 година, во 08.20 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Следете не, не има насекаде