декември 26, 2024

Денеска (10.10.2024) околу 02.00 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека непознати лица со употреба на сила влегле во угостителски објект на ул. „Архиепископ Доситеј“ и со запалива течност предизвикале пожар. Од пожарот биле оштетени ѕидовите и дел од инвентарот во објектот. За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил брзо изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Надлежните извршиле увид на местото на настанот, а јавен обвинител бил известен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK