СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј. (22) од село Камењане поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Инцидентот се случил на 08.10.2024 година, кога пријавениот, со остар предмет, му нанел повреди на Ф.С. (35) од истото село. Двајцата се познавале и работеле заедно. Полицијата продолжува со истражните активности за целосно расветлување на случајот.
Следете не, не има насекаде