На 11.10.2024 во 02:50 часот на булевар „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.Р. (25) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од девет месеци за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 131 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа за Затвор Битола за издржување на казната.
Следете не, не има насекаде