Денеска во 02.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот С.С. од село Р`жаничино, скопско.
Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Џ.(33) и патничко возило „мазда 3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Н.(40), двајцата од Скопје, извести МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
Следете не, не има насекаде