декември 22, 2024

Смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во зоолошка градина Скопје, објави поранешниот директор, Ѓорѓи Галетановски.

Во објавата тој вели дека во моментов Зоолошка е затворена, посетителите се евакуирани, а инспектори се веќе влезени.

“Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје” .

Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени.

Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат”, напиша тој на Фејсбук.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кратко изјави дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

„Во моментов не можам да дадам никакви конкретни информации додека немаме резултати од испитувањата“, изјави Миланов за Мета.

Засега нема официјално соопштение од Скопје ЗОО дали ваквите наводи кои се споделуваат на социјалните мрежи се точни.

The post Галетановски: Смртоносна бактерија е најдена во скопската зоолошка, сите што ја посетиле деновиве да се проверат appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK