декември 22, 2024

Зоолошката градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, дознава Мета.мк од извори во ЗОО Скопје кои инсистираат на анонимност.

Неофицијално, станува збор за заразна бактерија кај гуските која може да се прошири и кај луѓето.

Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.В.д. директорот на ЗОО Скопје Зоран Попов не одговори на повиците на новинарите, а директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов кратко изјави дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

„Во моментов не можам да дадам никакви конкретни информации додека немаме резултати од испитувањата“, изјави Миланов за Мета.

Зоолошката градина во Скопје, каде градоначалничката Данела Арсовска во нејзиниот досегашен мандат смени четворица директори, постојано е на сериозни критики во јавноста поради големиот број угинати животни и нетранспарентност во работењето во последниве години.

The post Сомнеж за смртоносна бактерија кај птиците ја затвори Зоолошката градина appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK