Федералната полиција во Бразил уапси хакер поврзан со нападот за време на кој се украдени 2,9 милијарди чувствителни лични податоци од граѓаните на земјата.
Меѓу украдените податоци се и броевите за социјално осигурување („SSN“). Податоците украдени во тој напад беа ставени на продажба на темната мрежа во април, при што лицето што ги објави се потпиша како „USDoD“.
Како што објави веб-страницата Bleeping Computer, бразилската полиција соопшти дека хакерот е уапсен и дека продавал податоци на две места, а се пофалил и дека украл лични податоци на 80.000 членови на програмата „InfraGard“ на ФБИ.
Безбедносните истражувачи во Atlas создадоа алатка за пребарување за протечените записи и изјавија за PCMag дека се вклучени околу 272 милиони SSN, заедно со дури 600 милиони телефонски броеви.
Компаниите одговорни за складирање на овие податоци поднесоа барање за стечај на почетокот на овој месец бидејќи се соочија со низа тужби и потенцијални казни.
„Лицето под истрага мора да одговара за кривично дело, со зголемена казна за комерцијализација на добиените податоци“, се вели во соопштението на федералната полиција.
The post Уапсен хакерот кој украде 2,9 милијарди податоци appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде