Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во борбата за третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“. Српскиот тенисер славеше со 6:2, 7:6.
Овој дуел и покрај тоа што нема да влезе во официјалната статистика беше 60. меѓу легендите на светскиот тенис.
Првиот меѓусебен дуел Ѓоковиќ и Надал го одиграа пред 18 години на Ролан Гарос.
Судбината сакаше, Надал, последниот меч во кариерата надвор од Шпаноја да го одигра токум против Ѓоковиќ.
Се чинеше дека Надал нема да го добие заслуженото збогување. Новак направи брејк во првиот гем и му требаа само 31 минута за да го добие сетот.
За време на паузата меѓу двата сета, неговиот тренер Карлос Моја истакна дека Рафа е нервозен поради природата на овој меч и дека сигурно ќе биде подобар во вториот. И тоа се случи.
Ѓоковиќ направи брејк во првиот гем од вториот сет, Надал возврати во следниот. Ѓоковиќ потоа му го одзеде сервисот на противникот во деветтиот гем, сервираше за победа, имаше и меч топка, но Надал успеа да се врати и да избори тај-брејк.
Во 13. игра Новак брилијантно сервираше и го реши нивниот последен дуел во своја корист.
The post Ѓоковиќ во последниот меѓусебен меч го победи Надал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде