Фудбалерите на Баерн предводени од расположениот голгетер Хари Кејн убедливо го совладаа Штутгарт во дербито од осмото коло на Бундес лигата.
Натпреварот на Алијанц Арената во Минхен заврши со резултат 4:0 (0:0).
Ова беше пресметка на второпласираниот (Штутгарт) и третопласираниот (Баерн) од претходната сезона.
Гостите се одлучија за дефанзива и во првите 45 минути ги неутрализираа нападите на Хари Кејн и неговите соиграчи.
Сепак, во продолжението од мечот Англичанецот конечно го најде патот до мрежата.
Најпрвин во 57. минута шутираше силно од околу 25 метри и го совлада Александар Нибел, а истото го направи три минути подоцна. Во тој момент беше јасно дека „Швабите“ ќе претрпат пораз во Минхен.
Во 80. минута Хари Кејн уште еднаш ја затресе мрежата на гостите. Тоа е негов втор хет-трик во Бундеслигата оваа сезона, првиот беше против Холштајн Кил минатиот месец.
Конечниот резултат го постави Кингсли Коман со првиот гол сезонава. Баерн по оваа победа се врати на врвот на табелата со ист број бодови како и Лајпциг, но со подобра гол-разлика.
The post (Видео) Кејн со хет трик го врати Баерн на чело на Бундес лигата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде