Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота се повреди во првото полувреме од натпреварот со Челзи. Тој беше заменет по половина час игра, а избраниците на Арне Слот успеаја да слават со 2:1.
Како што стојат работите, Жота извесно време нема да може да игра. Неизвесно е колку долго ќе отсуствува и колку е сериозна повредата.
Менаџерот на тимот од „Енфилд“, Арне Слот изјави дека Португалецот најверојатно нема да биде подготвен за дуелот со Лајпциг во среда.
„Диого мораше да биде заменет. Сеуште не сум сигурен за каква повреда се работи, но би бил изненаден да го видам со нас во среда“, изјави Холанѓанецот.
Оваа сезона Португалецот постигна четири гола за Ливерпул, само Мохамед Салах и Луис Дијаз се поуспешен од него.
Прашање е и дали Жота ќе биде подготвен за натпреварот со Арсенал во Премиер лигата на на 30 октомври.
The post Ливерпул без Жота против Лајпциг, веројатно и против Арсенал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде