Иако Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 денпоради птичји грип, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, назначи нов директор во оваа институција. Во меѓувреме за таа позиција конкурираше поранешниот управител Ѓорѓи Галетановски, но како што и самиот рече, не му биле разгледани ниту поднесените документи.
Зоран Попов е именуван за в.д. директор во Зоолошката градина Скопје. Ова за СДК.мк го потврди самиот Попов. Тој ќе го замени Драган Илиевски, кој од денеска е именуван за директор на ЈП „Водовод и канализација“.
Арсовска во рок од една година назначи тројца директори во скопската ЗОО. Првиот беше Кристијан Стаменов кој беше сменет откако угинаа 15 затруени коњи, потоа на негово место дојде Драган Илиевски и сега трет директор е Попов.
Инаку, Зоолошката градина беше затворена 21 ден откако беше потврдено присуство на птичји грип.
The post Данела назначи нов директор на ЗОО Скопје – Галетановски повторно извиси appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде