Зендаја се појави на церемонијата за воведување во Рокенрол Куќата на славните во спектакуларен фустан со кој и оддаде почит на Шер. Имено, фустанот е инспириран од иконското издание на Шер од 1967 година од The Carol Burnett Show.
Фустанот на Зендаја е од колекцијата на Боб Меки есен 2001 година. Нејзиниот стилист Ло Роуч е одговорен за изгледот. Златните и сребрените нијанси на здолништето беа нагласени со долгите реси кои паѓаа на предниот дел на фустанот.
@tomdvyv SHE LOOKS INSANE WTF || cr:@𝗸𝗶𝗺𝗸𝘃𝘀 #zendaya #zendayaedit #zendayaishotasf #zendayaisbetterthanyou #tomdvyv ♬ original sound – mary★
Најпопуларната светска актерка од младата генерација носеше чевли So Kate на Christian Louboutin, дијамантски прстен и куп нараквици.
А нејзината коса беше инспирирана од фризурата што Шер ја носеше во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
The post (Видео) Зендаја воодушеви со издание на црвениот тепих, и оддаде почит на Шер со креацијата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде