Напаѓачот на Париз-Сен Жермен (ПСЖ) се искачи за три позиции на листата, откако во 2021 година заврши на четвртото место со заработени речиси 43 милиони долари.
Во 2022 година се случија многу големи спортски настани, од кои Светското првенство на ФИФА беше главната атракција која стави печат на годината.
За време на Светското првенство, многу меѓународни ѕвезди беа во центарот на вниманието.
И покрај тоа што ја загуби титулата победник на финалето на Светското првенство на ФИФА од Аргентина, предводена од Меси, титулата ја зеде француската ѕвезда Килијан Мбапе, фудбалер со најголема заработка во 2022 година, според „Форбс“ (Forbes).
Лионел Меси и Кристијано Роналдо по остварената заработка се зад француската ѕвезда.
На листата се најдоа и неочекувани имиња како 38-годишниот шпански играч од средниот ред, Андрес Иниеста и ѕвездата на Реал Мадрид, Белгиецот Еден Азар.
Килијан Мбапе
Килијан Мбапе е фудбалер со најголема заработка во 2022 година со 128 милиони долари, од кои 110 милиони заработени на теренот.
Напаѓачот на Париз-Сен Жермен (ПСЖ) се искачи за три позиции на листата, откако во 2021 година заврши на четвртото место со заработени речиси 43 милиони долари.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер се најде на врвот на листата пред неговиот соиграч Лионел Меси.
Мбапе им се приклучи на парижаните во јули 2018 година од АС Монако со трансфер од околу 180 милиони евра.
Лионел Меси
Лионел Меси, вториот најплатен играч во 2022 година, дефинитивно остави свој белег во изминатата година.
Тој го освои своето прво Светско првенство на ФИФА со репрезентацијата на Аргентина „Катар 2022“, обезбедувајќи си ја единствената „награда“ што му недостигаше на неговата полица со трофеи.
Со историската победа во финалето против Франција, тој сега ги поседува сите титули од највисокото ниво, вклучувајќи ги и Копа Америка, Лигата на шампиони на УЕФА, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
Меси изминатата година заработи 120 милиони долари и се задржа на второто место на листата за 2022 година, на коешто беше и претходната година со заработени 110 милиони долари.
Триесет и петгодишниот фудбалер се приклучи на ПСЖ од Барселона во 2021 година со слободен трансфер.
Кристијано Роналдо
Кристијано Роналдо неодамна потпиша голем договор со саудискиот клуб Ал-Наср откако го напушти Манчестер Јунајтед, и се најде на третото место на листата на играчи со најголема заработка во 2022 година, со 100 милиони долари.
Триесет и седумгодишниот фудбалер заработи 60 милиони долари од сумата надвор од теренот и стана рекордер во 2022 година на тоа поле.
Тој значително падна на листата на фудбалери со најголема заработка во 2022 година, откако во 2021 година беше на нејзиниот врв со заработени 125 милиони долари.
Нејмар Јуниор
Нејмар Јуниор е третиот играч на ПСЖ на листата на фудбалери со најголема остварена заработка во 2022 година.
Триесетгодишниот Бразилец, кој им се приклучи на парижаните од тимот на Барселона за рекордна сума од 222 милиони евра во 2017 година, е четвртиот најплатен играч во 2022 година.
Нејмар заработи 87 милиони долари и падна за едно место подолу од претходната година, кога беше трет со заработени 95 милиони долари.
Мухамед Салах
Египетската ѕвезда на Ливерпул, Мухмед Салах, заработи 53 милиони долари во 2022 година и се најде на петтото место на листата.
Триесетгодишниот фудбалер, кој му се приклучи на Ливерпул од екипата на Рома од Серијата А во 2017 година, постигна 16 гола и 6 асистенции на 25 меча, и покрај слабиот перформанс на Ливерпул оваа сезона.
Салах се задржа на петтото место што го зазеде на листата претходната година.
Ерлинг Халанд
Норвешката ѕвезда во подем, Ерлинг Халанд, направи еден од најголемите трансфер потези во изминатата година со неговиот трансфер од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити во јули 2022 година.
Халанд се најде на шестото место на листата на играчи со најголема заработка во 2022 година, со 39 милиони долари.
Тој ја направи најголемата промена на листата бидејќи отсуствуваше од неа во 2021 година.
Роберт Левандовски
Најпопуларниот договор на Барселона во 2022 година беше префрлањето на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во јули.
Полската фудбалер оваа сезона постигна 18 гола на 20 меча за Барса.
Триесет и четиригодишниот играч со исплатените 35 милиони долари стана седмиот најплатен фудбалер во 2022 година.
Тој падна за едно место на листата во однос на 2021 година, исто како и претходната 2020 година кога заработи приближно како и во 2022 година, но сепак заврши на шестото место.
Еден Азар
Играчот на Реал Мадрид, Белгиецот Еден Азар, се приклучи на Лос Меренгес од Челси по заминувањето на Кристијано Роналдо, со трансфер вреден околу 115 милиони евра во 2019 година.
Неговиот перформанс во Реал Мадрид беше далеку од неговите стари добри денови во Челси; постигна само 6 гола во 72 натпревари од Ла Лига и Лигата на шампиони во последните четири сезони.
Но, и покрај неговите разочарувачки достигнувања, тој влезе во првите 10 играчи со најголема заработка во последните две години.
Тој заработи 31 милион долари и се најде на осмото место во 2022 година и на десеттото место на листата во 2021 година со заработени 29 милиони долари.
Андрес Иниеста
Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, остана во играта, и покрај тоа што има 38 години.
Тој игра за јапонскиот клуб Висел Кобе од 2018 година и не дава знаци за пензионирање.
Иниеста изминатата 2022 година заработи 30 милиони долари и стана деветтиот играч со најголема заработка во годината.
Иниеста беше на седмото место во 2021 година со заработени 35 милиони долари.
Кевин Де Брујне
Белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, изминатата 2022 година заработи 29 милиони долари.
Триесет и едногодишниот фудбалер, кој има потпишано повеќе од 10 договори со различни брендови со кои се зајакнуваат неговите финансии, „дебитира“ на 10-тото место на фудбалери со најголема заработка во изминатата година.
Тој им се приклучи на „граѓаните“ во 2015 година од германскиот Волфсбург и оттогаш е составен дел на тимот, кој со негова помош освои четири титули во англиската Премиер лига.
TRT Balkan Macedonia / агенции
Следете не, не има насекаде