По повод барањето на Венко Филипче за законско решение за минималната плата, се огласија и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде истакнуваат дека нема да го поддржат решението од неколку причини.
„Во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, дозволете да го кажам нашиот став по повод прес конференцијата денешна која што ја имаше претседателот на СДСМ Венко Филипче. Од аспект на предлогот за изминување и дополнување на законот за минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да подржиме вакво решение поради неколку причини. Прво, заради тоа што господинот Филипче и неговата партија сами го имаа предложено постојното законско решение кое што изричито укажува дека усогласувањето на минималната плата ..
По повод барањето на Венко Филипче за законско решение за минималната плата, се огласија и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде истакнуваат дека нема да го поддржат решението од неколку причини.
„Во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, дозволете да го кажам нашиот став по повод прес конференцијата денешна која што ја имаше претседателот на СДСМ Венко Филипче. Од аспект на предлогот за изминување и дополнување на законот за минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да подржиме вакво решение поради неколку причини. Прво, заради тоа што господинот Филипче и неговата партија сами го имаа предложено постојното законско решение кое што изричито укажува дека усогласувањето на минималната плата во март.
А второ, заради тоа што има една фундаментална грешка и навистина го отворам прашањето кој тоа внатре во СДСМ го мести Венко Филипче. Бројката на покачување на минималната плата, барем како што кажа лидерот на СДСМ е 12,3 проценти, таков е нивниот предлог. Сегашната минимална плата изнесува 22,567 денар, и ако додадете 12,3 проценти на ова покачување, минималната плата би била 25,342 денари, а никако 27,700 денари, која што, ако одиме по математиката и тоа што треба да значи екзактна наука кој што е постулат на економијата, би било покачување 22,74 проценти.
Цели 10 проценти СДСМ и незиниот лидер имаат промашено во законот кој што сакаа да го превидат, што укажува дека водат една пазарџиска политика која што не почива на бројки, туку самите од ден на ден креираат политички перформанси кои што се отфрлени и од оние кои што се најзасегнат. Исто така, видов, реакција е и од ССМ, каде што отворено прашуваат зашто СДСМ токму ваков предлог, пред само 130/40 дена до дека беа на власт го отфрлија, а ова особено дава на значење бидејќи покрај лидерот на СДСМ, покрај него беа тие кој што беа и главни за креирање на економската политика на претходната влада, тоа беше поранешната директорка на управата за јавни приходи, ја видов Јован Тренчевска, го видов Фатмир Битиќи, што укажува дека самата намера е несериозна е само за да креира политика во јавност. А понатаму, го видов господинот Филипче, ја искоментира мерката за ограничување на цените на владата дека не давала резултати, и јас повикувам да почекаме до утрешниот ден кога имаме најави дека синдикатите ќе ја испратат потрошувачката кошничка, па таму ќе ги видиме вредностите, дали на вистина мерките од владата дале или не дале резултат, бидејќи тоа е референтната економска вредност, која што се зема како оптимална за сите оние учесници во економско-политички контекст во нашата држава.
Овој парадокс јас би го оквалификувал како политика и би укажал дека нашата владејачка коалиција, владата, системски подготвува решение со кое што платите ќе бидат покачени за сите. Успеавме да се договориме со СОНК, веќе платите на образовните работници оваа година да бидат покачени заедно со еден пакет кој што треба да генерира 46% покачување на наставниот кадар, успеавме да ги покачиме пензиите од 2500 денари за сите 338 илјади пензионери, успеавме да ги исплатиме платите кој што беа задоцнети и овој месец ќе влезе во Собраниска процедура и новиот текст на буџетот за 2025 година и да оставиме работниците да бидат позитивно изненадени за тоа како новата влада се грижи за нив и какво покачување на платите предвидува. Тоа што ни дава можност и сега да се договараме со синдикатите и работниците е покачените приходи во буџетот и стабилизација на буџетската состојба бидејќи институциите кои што се одговорни за полнење на буџетот си ја работат својата работа.
Ваквото решение е неприфатливо и уште еднаш го замолувам господинот Филипче да не прави политика од сериозни теми и барем кога предлага нешто, нека му бидат точни процентите и бројките.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Следете не, не има насекаде