Google Maps се подготвува за голем редизајн – ќе исчезне од навигацијата картичката (табот) кој беше додаден претходно оваа година.
Во прашање е табот Weather, кој (како што сугерира името) дава информации за времето, а отстранувањето ја означува најновата промена во серијата ажурирања дизајнирани да ја поедностават апликацијата.
Иако самиот таб исчезнува, тоа е затоа што функцијата е подложена на редизајн – корисниците претходно можеа да најдат информации за времето во горниот лев агол на апликацијата, но со новото ажурирање, сето ова ќе биде на дното на екранот.
Новата картичка ќе биде означена со името на градот, населбата или друго туристичко место каде што се наоѓате, а кога ќе ја проширите, сите потребни информации ќе бидат во горниот десен агол. Ако не, тие остануваат долу десно.
Поради сето ова, Google Maps изгледа помалку „натрупано“, а потегот е во согласност со дизајнот што Google се почесто го применува на своите апликации за да го олесни користењето.
Оваа промена моментално е во бета верзијата на апликацијата Google Maps (верзија 11.151.x), а Google не објави кога ажурирањето ќе биде достапно за сите.
The post Google Maps добива голем редизајн appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде