Албански специјалци денеска уапсија еден од највлијателните политичари во таа држава, Илир Мета, поради сомнеж дека е вмешан во корупциски афери и перење пари во времето кога бил премиер, претседател и парламентарен спикер.
Полицијата го сопрела Мета додека со автомобил возел кон местото на кое закажал конференција за медиумите. Веднаш по апсењето бил одведен во просториите на специјалното обвинителство.
Албанската опозиција бурно реагираше, тврдејќи дека апсењето е политички мотивирано, и дека не би било изненадување ако Мета биде ликвидиран.
„Сè во овој случај е политички мотивирано и по наредба на Еди Рама, кој на сите начини се обидува да го елиминира Мета политички, а ако е можно и физички“, кажа претседателот на опозициската Демократска партија Сали Бериша.
Следете не, не има насекаде