Дали се спрема преместување на Центарот за зависници од Кисела Вода во Центар? Ова е прашање кое ја засега јавноста откако започнаа кружат шпекулации дека ова далеку од очите на јавноста го заговара градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеоргиевски.
Според информациите кои стигаат од повеќе извори, Ѓеорѓиевски договара да се „ослободи“ од овој објект и да го пресели во соседната општина Центар, за што центарци сигурно нема да бидат среќни.
Центарот за зависници би требало да биде преместен, односно практично „залепен“ до основното училиште „11 Октомври” и новата градинка Пролет која треба да се отвори следната година. Новата локација на центарот ќе биде исто така многу блиску или на отприлика 150 метри од средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин”, а во радиус од околу 300 метри се и градинката „Раде Јовчевски – Корчагин”, и ООУ ,,Димитар Миладинов”. Во непосредна близина на оваа локација има и детски и спортски игралишта, а недалеку од таму е и Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”.
Токму поради идеите да се премести овој центар на вакви или слични локации изминатите години граѓаните со силен отпор се спротивставуваа и не дозволуваа дислокацијата на Центарот за зависници во други општини.
Во минатото се правеа обиди за негово преместување во населбата Аеродром, близу болницата за душевно болни во Бардовци, во поранешната менза на фабриката Металски Завод Тито во Гази Баба, а беше споменувана и идеја секоја локална самоуправа на своја територија да има Дневен центар кој ќе го посетуваат зависниците.
Идејата за новата локација повеќе од сигурно ќе предизвика бурни реакции, особено ако се знае дека околу него секојдневно би поминувале стотици деца и млади.
Дали новиот обид на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓеорѓиевски да го преместат Центарот на нова локација во Општина Центар ќе остане само уште една во низата или конечна реалност, ќе покаже времето.
The post Орце Ѓеоргиевски тајно договара преместување на Центарот за зависници во општина Центар? appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде