Маж од Струга исчезнал, откако пред два дена се упатил да бере печурки кон селото Брчево. Го пријавил неговиот брат, откако не можеле да воспостават контакт со него.
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год се упатил во с.Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ.М.“, стои во соопштението на ЦУК.