Објавени се сателитски снимки од компанијата Maxar Technologies од градот Бахмут во областа Донецк, каде со месеци се водат жестоки борби меѓу украинските и руските сили, кои ги покажуваат катастрофалните последици од руската агресија.
Првата снимка пред уништувањето ја покажува ситуацијата на 1 август 2022 година, а втората, ситуацијата на 4 јануари 2023 година, по шестмесечни борби.
„Градот беше во фокусот на интензивните борби меѓу руските и украинските сили во последните 6 месеци, а сликите откриваат голема штета на зградите и инфраструктурата“, соопшти компанијата.
Со месеци руските сили, вклучително и платеници од групата Вагнер, немилосрдно го напаѓаат градот Бахмут во обид да ја преземат контролата врз целиот регион Донбас, но безуспешно.
Борбите се интензивираа во изминатата недела, а на првата линија на одбраната на градот се присутни и припадници на Азовскиот полк.
Тие објавија видео на социјалните мрежи на кое може да се види степенот на уништувањето во самиот град и борбата со непријателот од непосредна близина.
Следете не, не има насекаде