Министерството за одбрана наведе дека работата на проектот, чија цел е заштита на населбите од противтенковски ракети лансирани од Газа, е веќе започната
Министерството за одбрана на Израел соопшти дека земјата ќе изгради голем ѕид долг 4,6 километри околу еврејските населби вдолж границата со Појасот Газа.
Министерството наведе дека работата на проектот, чија цел е заштита на населбите од противтенковски ракети лансирани од Газа, е веќе започната.
Во последните години еврејските населби на границата со Појасот Газа се изложени на противтенковски ракети.
Во ноември 2018 година, израелски воен автобус кој влезе во Газа беше погоден од противтенковска ракета истрелана од Бригадите „Ал Касам“, военото крило на Хамас, при што беше ранет еден војник.
Во мај 2019 година, противтенковска ракета усмрти израелски државјанин.
Следете не, не има насекаде