декември 23, 2024

Антикорупциската комисија отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска за Телма потврди дека по анонимна претставка е отворен предмет. Претставката се однесува на условите за директор на АНБ односно според претставката се оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба. Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор минатата недела.

Тој до лани во декември бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ но тогаш бил вратен на работа во МВР по што се отчленил од партијата. Опозицијата обвини за партизација на тајните служби со неговото назначување. Христовски во интервју за КОД за Телма потврди и дека не поседува безбедносен сертификат државна тајна туку строго доверливо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK