Можеби треба да се преиспитаме како ги миеме рацете – стои под виралното видео на двајца лекари кои откриле како всушност изгледаат нашите „чисти“ раце под микроскоп.
Докторот Миро Фигура и докторката Дана Бремс, во видеото објавено на TikTok, им ја покажаа на корисниците вистинската состојба на нашите раце. Сликите направени со микроскоп го шокираа интернетот.
– Оваа рака на прв поглед изгледа чиста, но дали е навистина чиста? – ги прашаа своите следбеници.
Зумираната слика на прстот под микроскоп покажа ситни набори на кожа, слични на песок, покриени со честички нечистотија.
– Ова е навистина одвратно – искоментира Миро.
– На рацете може да се најдат повеќе од 3.000 различни микроби, па затоа е важно темелно да ги миете рацете. Добрата хигиена може да ги намали инфекциите и до 50 проценти – додаде Дана.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди, особено по користење на тоалетот и пред јадење.
@Doctor Dana • FootDocDana if this is the hand, what would a foot look like? #microscope #doctors #hand #gross #dirtey #germs
Секој сапун темелно ги чисти рацете. Според Американската агенција за храна и лекови, нема доволно докази дека антибактериските сапуни се поефикасни од обичниот сапун и вода.
Ако нема сапун и вода, користете средство за дезинфекција со најмалку 60 проценти алкохол. Ефективни се и природни производи, како органски спрејови или средства за дезинфекција со 70% етил алкохол и есенцијални масла.
– Задолжително измијте ги сите делови од рацете, вклучително и просторот помеѓу прстите и под ноктите, триејќи се додека рацете не се целосно суви – советува ЦДЦ.
Следете не, не има насекаде