Доктор Каролина Симоновска – директор и стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека „формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст“.
Таа вели „сакам повторно да нагласам дека како директор на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле веднаш формирав стручна комисија на клиниката која го разгледа целиот случај и не најде никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи со извештајот на комисијата на клиниката“.
Уште еднаш би сакала да информирам дека пациентот во нашата клиника е веднаш прифатен, направени се бројни анализи, поставен на терапија според интерните протоколи на клиниката, постојано следен, мониториран и под кислородна подршка која е контролирана и мониторирана а поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, истото беше препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.
Стручната комисија како и едногласноста на колегиумот се мој императив дека во нашата клиника е превземено се во третманот на детето.
Истовремено сакам да информирам дека како директор на оваа клиника во тек на само 2.5 месеци превземени се сериозни организациски чекори, план и првична програма за реорганизација на одделот за интензивна нега и терапија, според законските прописи дадени од АКЗУМ. Унапредување на одделот со детален план за доопремување со апаратура за неинвазивна и инвазивна респираторна подршка и веке е договорен тим на лекари специјалисти кои ќе бидат испратени на адекватна обука.
Клиниката за респираторни заболувања кај децата, Козле поседува интерни клинички протоколи според Медицината базирана на докази кои се спроведуваат децении наназад кај сите наши пациенти“, вели доктор Каролина Симоновска – директор и стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле.
Следете не, не има насекаде