декември 23, 2024

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.К.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“.
Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал патнички моторни возила од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила.
Пријавениот, не ги извршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK