декември 23, 2024

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24. октомври 2024 година (четврток) поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на градот.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе неопходни мерки за регулирање на сообраќајот во овој период, со цел да се обезбеди безбедна и непречена посета на високата делегација.

Во тој контекст, СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите и упатствата издадени од полициските службеници и да бидат трпеливи, бидејќи можни се привремени затворања или пренасочувања на одредени сообраќајници. Вашата соработка е од големо значење за успешна организација на настанот и одржување на јавниот ред и мир.

The post СВР Скопје: Посебен режим на сообраќајот во Четврток поради посета на Урсула фон дер Лајен appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK