декември 23, 2024

Избрани на Јака Лаковиќ, кошаркарите на Гран Канарија испишаа нова страница во историјата на Еврокупот.

Тимот од Шпанија во петтото коло го совлада Улм со 125:78, со што стана тим кој постигна најмногу бодови во историјата на натпреварувањето.

Претходниот рекорд беше 121 поен и беше стар 22 години. Гран Канарија го доби првото полувреме со 68:37, но не попушти до крајот. Играчите на Лаковиќ играа со полна сила, па Улм доживеа класичен нокаут.

Најголем придонес во пишувањето историја имаа Мигел Салво со 20, Јован Кљајиќ, Калеб Хомсли, Николас Брусино со по 13 и Џорџ Кондит со 11 поени.

The post Гран Канарија собори рекорд стар 22 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK