Секоја градба на куќа завршува со поставување на покривот, кој, по се изгледа е една од најважните работи. Препрека на неповолните временски влијанија како дожд, снег, УВ зраци, е покривот. Тој е „капата“ на куќата. Но, доколку покривот не е изведен по сите правила и прописи, тој може да предизвика безброј потешкотии и големи штети. По спроведената анкета на платформата Daibau меѓу мајсторите за покрив, кој се дел од платформата во продолжение кои проблеми, тие, ги наведоа како најчести. Ако ги испочитувате овие совети, може да избегнете
бројни проблеми при поставување на покрив.
Доколку планирате да го реновирате вашиот покрив или да поставите нов покрив, не пропуштајте го ова интересно истражување за проблемите на покривот во Македонија. Платформата Daibau, каде што е регистриран 53 компании за покриви и 65 лимари веќе врз основа на искуствата на експертите, издвои четири најчести проблеми кои се јавуваат на терен. Сите овие проблеми се резултат на претходното лошо поставување на покривната покривка и другите елементи на покривот. Во продолжение преглед на тие проблеми, како и совети како да ги избегнете.
Лоша вентилација на покривот
Вентилацијата на покривот се однесува на процес кој обезбедува циркулација на воздухот под покривот. Циркулацијата овозможува протокот на свеж воздух, а влажниот и топол воздух под покривот да се исфрли надвор. Доколку недостасува вентилација на покривот, тоа доведува до формирање на кондензација, мувла и други проблеми со покривот. Постојат неколку видови на вентилација на покривот. Тие вклучуваат: тавански прозорци – топол, застоен воздух се крева и излегува надвор кога ќе се отворат покривните прозорци; отвори на покривот – отвори за вентилација поставени на покривот кои овозможуваат циркулација на воздухот. Отворите на покривот обезбедуваат топлиот и влажен воздух од внатрешноста да бега кон надвор, а во исто време дозволуваат да влезе свеж воздух.
„Голем број луѓе ни се жалат дека на поткровјето им е загушливо, а во лето неподносливо топло. На овие куќи главно им недостига соодветна вентилација“, ни истакна мајстор за покриви од Скопје со 30-годишно искуство.
Доколку недостасуваат отвори на покривот или не се правилно поставени за да се постигне оптимален проток на воздух, резултатот е влага, кондензација, постојана мувла. Правилен совет за распоред на отворите за вентилација ќе ви даде експерт за покриви, земајќи ја предвид ситуацијата на теренот.
Недоволна хидроизолација на покривот
Главната причина за протекување и влошување на покривот е отсуството на хидроизолација или лошо изведена хидроизолација. Еднаш правилно поставена хидроизолација ќе ви трае со години, дури и со децении.
Хидроизолацијата на покривот е слој или мембрана што служи како дополнителна заштита и гарантира дека покривот нема да протече, а водата да предизвика огромна штета. Протекувањето на покривот е еден од најчестите проблеми со кои занаетчиите се среќаваат на терен, а причината е лошо поставената хидроизолација.
За хидроизолација на покривот се користат битуменска мембрана, синтетички мембрани, течни премази. Искусен изведувач ќе го процени потребниот метод на хидроизолација, за да биде компатибилен со покривниот материјал.
За да се спречат структурни оштетувања, протекување и други огромни проблеми на покривот, важно е покривот да го поставуваат професионални мајстори. Покривот е првата линија на одбрана од временските неприлики и само ако е правилно поставен ќе гарантира долговечност на целата куќа.
Затоа, за да поставите покрив или да го реновирате, треба да ангажирате сигурни мајстори. Тоа е сложена работа која бара стручност, искуство и употреба на соодветни алатки. Ако барате мајстори за покривање покрив, лимари и други изведувачи за поставување покрив, можете да побарате помош на гореспоменатата платформа Daibau, каде што исто така можете да ги проверите приближните цени.
Лоша изолација на покривот
Според искуството од терен, лошата изолација е уште една широко распространета причина за проблеми. Поради лоша или недоволна изолација на покривот, во текот на грејната сезона се губи околу 30% од топлината. Ладниот воздух поминува низ топлинските мостови, што троши повеќе енергија за греење. Покрај тоа, лошата изолација на покривот е главната причина за прегревање на таванот во текот на летото.
За изолација на покривот се користи стиропор или минерална волна. Без разлика кој изолационен материјал ќе го изберете, тој мора да биде со соодветна дебелина и правилно поставен за да ја исполни својата намена.
Неправилно поставен систем за одводнување
Олуците се исклучително важен елемент на секој покривен систем. Тие мора да бидат правилно поставени за да може водата да истекува од покривот без никакви пречки.
Тие служат за собирање и одведување на дождовницата од покривот за да не тече директно од покривот на земја или на фасадата. Лошо поставените олуци доведуваат до акумулација и стагнација на вода или снег на површината на покривот, а доколку врнежите не се исцедат, протекување од покривот е само прашање на време.
Искусни мајстори ќе ги постават олуците земајќи ја предвид конструкцијата на покривот, видот на покривната покривка, како и временските услови во дадениот простор. Пред сè, важно е правилно да се димензионираат олуците.
Мајсторите истакнуваат дека проблеми со олуците се појавуваат и како резултат на нередовно чистење, особено во по студениот дел од годината кога се натрупуваат есенските лисја. Кога олуците и цевките се затнати, водата не може да исцеди. Ова резултира со оштетување на олукот поради оптоварување или прелевање на олукот.
Врз основа на претходно наведеното истражување се доаѓа до заклучок дека најчестите проблеми со покривите може да се избегнат со правилно планирање, употреба на соодветни материјали и ангажирање на искусни мајстори.
ПР
The post На кои 4 најчести проблеми со покривот треба да внимавате? appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде