декември 24, 2024

Градот Тетово не е украсен за Нова Година. Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека празниците немаат ништо со верскиот аспект ниту националниот туку едноставно завршеток на еден календарски циклус. Друго прашање е тоа дали општината навистина нема средства.

Новогодишните празници се празници кога градот треба да се украси, бидејќи е симболика за завршување на еден годишен циклус и нема врска со верскиот карактер. Ниту една религија не спомнува дека новата година е верски празник или дека ја сметаат за света. Кажав дека поради децата треба да се направи разубавување на градот, за тие да уживаат и да го почувствуваат годишниот циклус што минува“.

„Мислам дека да, треба да се украси ако има буџет. Како што се прави секоја година, така треба да се прави и сега, а ако нема буџет тогаш нема ништо“.
Од општина Тетово тврдат дека буџетот на општината не дозволува еден таков луксуз, односно украсување на плоштадот за Нова Година.
„И оваа година општина Тетово нема да го украси градот бидејќи нема доволно фондови и не го гледа ова нешто како приоритет“, вели Бесарта Рамадани.

За разлика од Тетово, Гостивар веќе некое време е украсен. Општината вели дека потрошила околу 50 илјади евра за украсување на градот.
Извор: Тв21

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK