Познато е дека билните чаеви помагаат во зимските месеци кога ќе ве надвладеат настинка и грип. Освен тоа што се вкусни, билните чаеви се најдобриот сојузник во борбата против зимските болести, бидејќи го зајакнуваат имунитетот и го забрзуваат заздравувањето.
Не мора веднаш да трчате кај лекарот штом ќе ве заболи грлото, најдобро е да останете дома и да пробате со природна алтернатива за ублажување на симптомите.
Ова се петте најдобри чаеви кои се препорачуваат да ги пиете кога сте болни.
Зелен чај
Зелениот е главниот чај кој ќе направи да се чувствувате подобро. Тој е одличен за секојдневна конзумација, а особено за деновите кога сте болни. Ова е поради неговиот хемиски состав, со кој нуди повеќе придобивки врз организмот. На врвот на листата се неговите анти-воспалителни својства, а освен тоа, зелениот чај има и анти-инфективни состојки. Исто така, зелениот чај го подобрува вашето расположение, а со тоа и вашето здравје.
Чај од хибискус
Може да звучи чудно, но чајот од хибискус изобилува со витамин Ц. Една шолја од овој чај ви дава скоро една третина од вашата дневна доза, без да морате да испиете еден галон сок од портокал. Друга придобивка од пиењето на овој билен чај е тоа што не содржи кофеин како многу други чаеви. Значи, лесно може да го испиете чајот од хибискус и да ја избркате настинката што ве мачи.
Чај од ѓумбир
Доколку вашата настинка е проследена и со некоја форма на гадење, чајот од ѓумбир е одличен лек. Ова можеби делува познато, бидејќи секогаш се препорачува да пиете ѓумбир кога имате вознемирен стомак. Чајот од ѓумбир може исто така да ги спречи главоболките и да ве загрее ако ги имате телесна температура. Покрај тоа, може да помогне и ако имате болки во мускулите и телото. Кога ве мачи грип, испијте барем една чаша дневно од овој напиток.
Чај од камилица
Врвниот чај за опуштање: камилицата! Овој чај ќе ве релаксира и успие така што ќе заборавите дека сте болни. Камилицата одамна се користи за лекување на настинки. Всушност, камилицата има и други големи придобивки, како ослободување од мигрена и грчеви во телото. Во комбинација со лаванда е особено одличен лек против настинка и грип.
Чај од шипинка
Шипинката е многу слична со хибискусот затоа што содржи многу витамин Ц, а зависно од тоа каде е одгледувана, може да има и многу повеќе од хибискусот. Витаминот Ц ќе ви помогне да се изборите со инфекции или грип. Ако сакате да го зајакнете и збогатите организмот со витамин Ц, без да пиете големи количини на сок од портокал, најдобро е да си сварите чај кој е мешавина од шипинка и хибискус. Ќе се чувствувате подобро за кратко време.
Следете не, не има насекаде