декември 23, 2024

Светските таблоиди ги разведуваат Принцот Хари и Меган Маркл уште откако се венчаа. Сепак, изгледа дека и покрај сѐ, тие никогаш не биле посреќни и позаљубени. Или барем така изгледаат кога некаде ќе се појават заедно во јавност.

 

 

 

 

А што ако навистина има развод? Ако дури и навидум совршениот пар не успее да му одолее на општиот тренд и реши да стави крај на приказната што нè интригира со години?

 

Како што тврдат извори за „Дејли мејл“, принцот Хари и Меган Маркл пред венчавката потпишале предбрачен договор, во кој се наведува дека војвотката од Сасекс и поранешната актерка ќе добијат 80 милиони долари поддршка за децата Арчи и Лилибет во случај на развод.

 

Кралот Чарлс знаел за овој документ, но наводно не се согласувал со споменатата сума. Според други извештаи, Хари би ја имал неговата целосна поддршка во однос на старателството над децата, а титулите што ги изгубил кога му свртел грб на семејството би можеле да му бидат вратени.

 

Медиумите во последните неколку дена пишуваат за разводот на Хари и Меган, а извори блиски до парот тврдат дека тоа „дефинитивно ќе се случи“. Како што пренесуваат медиумите, Хари сменил три континенти за две недели, а неговата сопруга не му правела друштво на ниту еден од нив.

 

Меган, од друга страна, имала забележителни соло излегувања.

Со оглед на тоа што од неодамна не се појавуваат заедно на настани, близок извор рече дека одлучиле секој да се фокусира на својата кариера. Дали тоа значи дека наскоро секој ќе тргне по својот пат, ќе треба да видиме.

 

Но, доколку се разведе од британскиот принц, Меган Маркл би имала доволно пари на сметката за да продолжи да ужива во удобен живот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK