декември 23, 2024

Лијам Нисон призна дека е заљубен во својата колешка Памела Андерсон, откако изјави дека не планира да излегува со никого.

 

 

 

 

“Лудо сум заљубен во Памела. Одлична е за работа. Ќе бидам искрен со вас, не можам да и дадам доволно комплименти”, рече тој во интервју за магазинот People.

 

Тој додаде дека бил изненаден кога сфатил дека таа нема големо его. Двајцата заедно го снимија филмот „The Naked Gun“, чија премиера треба да биде во август следната година.

 

„Таа само доаѓа да ја заврши работата. Забавна е и многу лесна за работа. Ќе биде одлична во филмот“, рече тој. Памела и за него имаше само пофални зборови. Таа го опиша како скромен човек и џентлмен.

 

„Тој го извлекува најдоброто од вас со почит и љубезност. Беше апсолутна чест да се работи со него“, рече таа. Таа откри како тој се погрижил да и биде удобно цело време за време на снимањето.

 

„Ми го даде палтото кога ми беше ладно“, изјавил таа. Лијам пред само неколку дена изјави дека не планира повторно да биде во врска, но изгледа сега се предомисли.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK