Спиењето има бројни позитивни ефекти врз здравјето, но треба да имате на ум дека не треба да претерувате.
Неврологот и специјалист за медицина на спиењето Крис Винтер за Fox News Digital изјавил дека за возрасните, спиењето повеќе од 11 часа е сепак премногу, а потоа конзистентноста и квалитетот на спиењето се доведуваат во прашање.
Додека премалку сон може да предизвика многу негативни последици, вишокот сон може да претставува ризици како што е инерција на спиење, т.е. чувството на замор што се јавува по предолго спиење.
„Многу луѓе се борат со компензаторниот сон. Со други зборови, не сте спиеле доволно во текот на работната недела, па затоа се обидувате да го надоместите изгубениот сон за време на викендот”, рекол тој.
Иако бројни истражувања укажуваат дека премногу, но и премалку спиење е ризик за здравјето, Винтер нагласил дека е подобро да спиете премногу отколку недоволно.
„Обидот да се создаде конзистентност во сонот е исто така важен“, додал тој.
Следете не, не има насекаде