октомври 28, 2024

Пукна љубовта меѓу првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тренерот Карло Анчелоти, пишуваат шпанските медиуми по дебаклот во „Ел Класико“, 0:4.

Весникот „Спорт“ отиде чекор подалеку од конкуренцијата и ја обелодени намерата на претседателот да го смени шефот на стручниот штаб.

Според овој извор Перез сака да го донесе во клубот тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

Перез, според „кралските“ манири, нема да го замени Анчелоти во текот на сезоната. Но, како што сега стојат работите Италијанецот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ пред истекот на договорот во јуни 2026 година.

The post Флорентино Перез ќе го смени Анчелоти appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK