Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен ноќва по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.
– На 28.10.2024 година во 00.40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (28) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
The post 28-годишен кумановец физички ја нападнал сопругата appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде