декември 23, 2024

Светлана Мојсов ќерка на Неготинецот Лазар Мојсов, македонска хемичарка која живее и работи во САД.

Амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми, денеска соопшти дека вечерва Кралот Фелипе VI и Принцезата Леонор ќе им ги врачат наградите на годинешните добитници.

Светлана Мојсов, која е научничка и професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, заедно со уште четворица научници, спровеле истражувања кои имаат значаен клинички и социјален импакт, а резултат е нивниот придонес во развивањето ефективни лекарства за справување со дијабетес како и ублажување на асоцијативни форми на патологии што го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот.

Светлана Мојсов е првата Македонка кој ја добива оваа престижна награда.

Во изминатите години по различните категории добитници биле: Вацлав Хавел, Мерил Стрип, Мартин Скорсесе, Францис Форд Копола, Рафаел Надал, Мајкл Шумахер, Леонард Коен, Боб Дилан, и други.

Наградата Princesa de Asturias е една од најпрестижните награди што од 1981 ги доделува Шпанското кралско семејство, односно наследникот на шпанскиот трон, Принцезата Леонор, која до преземањето на шпанскиот кралски трон ја носи титулата Принцеза на Астуријас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK