декември 23, 2024

Во Скопје денеска ќе биде отворен настанот „Регионална соработка и зајакнување на младите преку спортот“ кој има за цел да промовира регионална соработка и зајакнување на младите преку спортот, обединувајќи различни засегнати страни.

Настанот кој е организиран во заедничка соработка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО) ќе биде отворен во 10:15 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.

Воведните обраќања ќе имаат министерот за социјална политика, демографија и млади на Северна Македонија, Фатмир Лимани, Алберт Хани, генерален секретар на РИКО за Западен Балкан, и Јан-Аксел Вос, заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во Скопје.

Како што информираат од ГИЗ, сесиите ќе вклучуваат излагања од претставници на Владата, граѓанските организации, едукатори, спортски професионалци и млади.

Главните теми ќе бидат зајакнување на младите преку спорт, регионална соработка преку спорт и интеграција на спортот во програмите за развој на млади.

The post Скопје домаќин на конференција за регионална соработка и зајакнување на младите преку спортот“ appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK